еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Захариева не го бендиса предлогот што денеска во Софија и Скопје го носат Силва и Вархеји

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, не го бендиса предлогот за одблокирање на пристапниот процес за Македонија, што денеска во Софија и Скопје го носат министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посредничка мисија: Утре во Скопје и Софија со предлог доаѓаат португалскиот министер Силва и еврокомесарот за проширување Вархеји

Според неа, во предлогот кој го носат европските претставници ги нема потребните гаранции.

„Обидот за постигнување компромис е јавна тајна во Брисел и тој циркулира низ ходниците на Европската комисија и светот. Се запознав со него и си дозволувам однапред да го коментирам.

За жал, предлогот повторно не одговора на рамковната позиција на Бугарија, прифатена од Владата и едногласно усвоена во Парламентот, бидејќи во него нема никакви гаранции дека нашите соседи ќе ги прифатат европските вредности.

Имаме ли гаранции дека антибугарската кампања во Скопје ќе престане? Дали Република Северна Македонија повеќе нема да ги прогонува своите граѓани со бугарска самосвест? Дали на граница нема да попречуваат влез на бугарски книги? Дали нема да ги попречуваат бугарските инвеститори? Дали ќе емитуваат бугарска телевизија? Дали ќе запрат со црната кампања против Бугарија низ цела Европа? Јас овие гаранции не ги видов“, пишува меѓудругото Захариева на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт на Владо Јаневски во „Антички театар“ во Охрид на 10. август

Редакција

Каков имот пријавила пратеничката Ане Лашкоска

Редакција

(Фото) Еден од најпознатите италијански дизајнери, Додо Арслан ќе одржи мастерклас посветен на италијанскиот дизајн

Редакција