еМагазин
Македонија

Захариева: Враќањато на српскиот јазик во училиштата покажува дека не се раскинати врските меѓу Скопје и Белград

Враќањето на српскиот јазик во училиштата во РС Македонија ги негира тврдењата дека се раскинати врските со Србија и Русија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

„Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти.

Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во РС Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија “, рече Захариева за БТВ.

Според неа, ваквите постапки се доказ за приближувањето кон Србија.

Овој коментар на Захариева, како што пренесува БГНЕС, следува по изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека наставата по српски јазик ќе биде вратена во основните училишта во РС Македонија.

МИА/Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судскиот совет го разреши судијата Наќе Георгиев, кој ќе лежи три години затвор за поткуп

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособните кадри на Заев да поднесат оставка и од државни функции

Редакција

На сложувалката за решение на спорот со Бугарија и фали лепило, вели Османи

Редакција