еМагазин
Локално

Запалено возило во Битола

Непознат сторител синоќа околу 23.50 часот на ул.„Ваташа“ во Битола, истурил запалива течност врз предниот дел на патничко возило „Тојота Аурис“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.П. (74), по што ја запалил.

Како што соопшти МВР, пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на трите млади момчиња во Италија

Редакција

Таткото од Тетово кој си го уби синот седел до неговото беживотно тело додека не биле пронајдени

Редакција

Кривична пријава за надрилекар од Неготино: Наплаќал до 6.000 денари за „лековити креми“

Редакција