еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Започна дистрибуцијата на пакети за ранливи групи донирани од Империал Тобако ТКС Скопје

Црвениот крст на Град Скопје ја продолжува активната поддршка на граѓаните од ранливите групи кои се директно погодени од Ковид-19 пандемијата на територија на главниот град. Во текот на денешниот ден тимовите на Црвен крст на Град Скопје започнаа со дистрибуција на хуманитарни пакети донирани преку финансиската помош од компанијата Империал Тобако ТКС Скопје.

Овие хуманитарни пакети содржат прехранбени производи и хигиенски средства и ќе им бидат доставени на 555 семејства на кои истите им се најпотребни.

„Една од задачите на Црвениот крст е да им го олесни секојдневието и да го помогне функционирањето на ранливите групи граѓани кои се најпогодени од пандемијата. Во ваквите активности од големо значење е помошта што ја добиваме од компаниите кои преку своите донации земаат активно учество во борбата против Ковид-19 и истовремено им помагаат на лицата на кои помошта им е најпотребна.

Ваквиот придонес е од исклучителна важност во справувањето со пандемијата, но истовремено овие континуирани активности создаваат услови во кои бизнис секторот зема удел во решавањето на акутни општествени прашања“, изјави секретарот на Црвен крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска.

Средствата кои Империал Тобако ТКС Скопје ги донираше се употребени за набавка на храна, хигиенски и заштитни средства наменети за социјално ранливи групи граѓани – лица во изолација, социјално загрозени семејства на заболени од Ковид-19 и лица кои ја загубиле работата или драстично им се намалени приходите поради економските последици од пандемијата.

Вкупната донација изнесува речиси 1 милион денари со што загрозените семејства на територијата на град Скопје ќе добијат два хуманитарни пакети, еден со прехранбени производи и друг со хигиенски и заштитни средства.

При справувањето со Ковид-19, Црвениот крст на Град Скопје презема поголем број активности поврзани со социјално загрозени семејства, меѓу кои и координирање на донации за здравствените институции, обезбедување итни социјални и здравствени сервиси, психо-социјална поддршка, медицинска заштита, информирање на јавноста за справување со коронавирусот и слично.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пример кој треба да го следат и другите компании: „Дрекслмајер“ донираше триста компјутери за училишта од пет општини

Редакција

Момчето кое го фати крстот во Кавадарци и навивачката група Лозари Исток собраа над 81 илјада денари за лекување на Драгана Малкиќ

Редакција

Преку седумдесет министри и гувернери на состанокот на Холандско-белгиската конституенца, кој се одржува во Скопје

Редакција