еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Затвор од 15 месеци за анестезилогот од Тетово кој за на Тик-ток снимаше пациенти и медицински персонал

Анестезиологот Валтон Дервиши кој на социјалните мрежи во живо снимаше пациенти и вработени во Клиничката болница Тетово денескa на почетокот на судењето ја призна вината, по што судот му одреди единствена казна затвор од една година и три месеци.

Тој беше обвинет за две кривични дела „несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичен законик и кривично дело „неовластено снимање по член 152“.

Судот за првото дело му одреди казна затвор од една година, а за второто – пет месеци или единствена казна затвор од една година и три месеци. За изречената казна се засметува и времето во притвор до 14 април до денес.

– Несовесно постапил во вршење на своето овластување и должност на тој начин што неовластено направил видеоснимка во службените простории на Клиничка болница Тетово, Оддел за гинекологија и истите непосредно ги пренесувал во живо на социјалната мрежа Тик-ток, со што на оштетените пациенти и вработени им ги повредил правата и им нанел штета, повредувајќи ја нивната приватност и углед со што и во голема мера ги вознемирил оштетените и пошироката јавност, беше наведено во пресудата која ја прочита судијата Назиф Илијази.

Осудениот има право на жалба на пресудата во рок од осум дена. Судот одлучи да му ја укине мерката притвор и му определи мерка куќен притвор од 60 денови.

Осудениот Дервиши снимките ги имаше направено на 14 април годинава, по што беше пријавен во полиција. Беше приведен истиот ден што судија во претходна постапка му одреди и притвор. 

МИА/Фото: МИА/Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прифатени голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО, „бомбите“ нема да важат за случаите по 30 јуни 2017

Редакција

(Фото) Судот пресуди во корист на Мицкоски по тужба против СДСМ за клевета и навреда

Редакција

Тепаниот во Македонија не е бугарски државјанин, туку еден од напаѓачите, вели бугарскиот пратеник Лорер

Редакција