еМагазин
Image default
Локално

Затворен угостителски објект во тетовско поради непочитување на работното време

На 18.01.2021 во периодот од 18.00-21.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола по угостителски објекти во врска со „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира МВР.

„Притоа, во угостителски објект во село Боговиње, тетовско, сопственост на Џ.Б.(50) од Боговиње, биле затекнати 4 лица и сопственикот. Од страна на ДПИ објектот бил затворен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

46-годишен струмичанец загина во сообраќајна несреќа откако удрил во камион со украински ознаки

Редакција

Му се заканувал поради нерасчистени долгови

Редакција

Подгответе се за сообраќаен хаос: Во Скопје посебен режим од денеска до петок

Редакција