еМагазин
Image default
Локално

Затворена „дива кафана“ во скопско

На 27.02.2021 околу 23.10 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба извршиле контрола во угостителски објект во с.Црешево, скопско, при што било констатирано дека објектот не е регистриран и внатре биле затекнати пет лица и сопственикот С.С.(56) од с.Црешево, информира МВР.

„Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а лицата биле приведени во Полициската станица Гази Баба. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија““, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кучиња скитници нападнаа 14-годишно девојче во Скопје

Редакција

Скопјанка предизвикала сообраќаен „карамбол“: Удрила во полициски автомобил, во запрено возило и повредила полицаец

Редакција

Музичари добиле ќотек од гости во кафана во Аеродром

Редакција