еМагазин
Бизнис

Затворени пет угостителски објекти и забранети за употреба 60 кафемати на бензински пумпи

Пет угостителски објекти и 60 кафемати на бензински пумпи во Скопје, Тетово, Битола и Куманово се затворени при инспекциските надзори спроведени во периодот од 9 до 13 април. Изречена е и една глоба за пуштање во промет на производ со поминат рок, како и седум решенија и девет укажувања за работодавачи кои не ги почитувале мерките на Владата.

Директорката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашковска денеска на прес-конференција во Владата информираше дека во овој период спроведени се вкупно 1.319 надзори од кои 514 од страна на Пазарниот инспекторат.

Генерално, како што посочи Филиповска-Грашкоска, се почитуваат одлуките и за замрзнатите цени на одредени производи, а онаму каде што е забележано зголемување наложено им е на субјектите да ги вратат цените од 11 март.

„Инспекциските служби продолжуваат со сите свои капацитети да работат на терен. Сите нерегуларности и непочитувања на владините мерки ќе бидат санкционирани без исклучок. Сепак станува збор за мерки за да ги заштити животот и здравјето на сите нас“, истакна Филиповска-Грашкоска.

Од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведени се 162 надзора во повеќе градови низ државата при што изречени се две мерки поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храната.

Издадени се и 19 решенија за констатирана лоша општа хигиена при што се задолжени субјектите да преземат активности за дезинфекција на објектите, а изречена е и една глоба за пуштање во промет на производ со поминат рок.

Државниот инспекторат за труд во овој период спровел 446 контроли. Поголемиот дел од овие надзори се поврзани со постапување по претставки за платено отсуство на родител на дете до десет години, самохран родител, бремени жени и хронично болни.

Во делот на трнспортот спроведени се 85 надзори при што е утврдено дека меѓуопштинскиот превоз на патници се уште се редуцира, односно е намален за 95 проценти, а од увидот на автобуските станици во различни градови низ државата утврдено е дека се почитува владината одлука да се врши превоз на патници со намален капацитет до 50 проценти.

Во однос на меѓународниот линиски превоз на патници констатирано е дека тој се уште во целосен прекин.

Контролите на Агенцијата за лекови покажале дека генерално секторот ги почитува мерките и препораките на Владата односно се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број лица во аптеките, а цените се согласно одлуките донесени од страна на Владата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Најмногу починати од коронавирусот во Куманово, најмногу заразени во Скопје

Кај тројца од новопочинатите од коронавирусот во Македонија не била присутна хронична или здравствени состојби

Убава вест: Во Македонија излекувани 86 лица заразени со коронавирусот

На возраст од 30 до 59 години, повеќето мажи: Детали за новозаразените со коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на потрошувачките и станбените, пад на автомобилските кредити

Редакција

(Фото) Од денеска почнува со работа хотелот “Конак Пониква“, еве кои се цените

Редакција

Хотели Метропол поради ковид-кризата лани во загуба

Редакција