еМагазин
Image default
Бизнис

Затворениот Градски пазар во Велес ќе го гради фирмата „Бауер БГ“

Друштво за градежништво, трговија и услуги Бауер БГ ДОО со седиште во Скопје е избрана за изведба на фаза 2 од затворениот Градски пазар во Велес.

Вкупниот износ за изградба на новиот пазар, за фаза 2 е 34 милиони 696.686,18 денари со вклучен ДДВ.

На јавниот повик биле доставени седум понуди, но само четири биле со валидна документација, информира на денешниот прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски.

Во предвидениот рок за жалба кој траеше десет дена, не е пристигната ниту една жалба по донесената одлука. Во тек е подготовка на Договорот за јавна набавка.

Тој информира дека фирмата изведувач е избрана преку отворена постапка за јавна набавка по огласот објавен на 5 февруари годинава. На огласот биле доставени четири понуди.

Електронската аукција се одржала на 19 февруари со учество на сите четири понудувачи. Комисијата за јавни набавки одлуката за избор на најповолен понудувач ја донела на 23 февруари.

–Изградбата на покриениот Градски пазар е еден од најзначајните проекти во општина Велес и со него ќе се создадат нормални и современи услови за продажба на земјоделски и други производи, смета Коцевски.

По потпишување на договорот меѓу двете страни ќе почне изградбата која треба да заврши за четири месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Бауер БГ“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на ул.Есенинова вреден 1,1 милион евра

„Бауер БГ“ го доби тендерот на Град Скопје за реконструкција на улица Димитрија Чуповски вреден 73.000 евра

„Бауер БГ“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на булевар АСНОМ вреден 822.000 евра

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италијанската „ЕОС консалтинг“ го доби тендерот на Град Скопје за надзор на градежни работи вреден 487.000 евра

Редакција

Детална листа: Звучни имиња меѓу фирмите кои добиле државна помош, а не им дале плата на вработените

Редакција

ГТЦ со загуба во последните три месеци од минатата година

Редакција