Седејќи на терасата Де Маго, државниот секретар задолжен за туризам, Французите кои живеат во странство и Франкофонијата, Жан-Батист Лемоан, зборувајќи за радиото „Радио Суд” нагласи дека здравствената пропусница ќе стапи на сила на 26 јуни во цела Европа.
– Во принцип таа ќе стапи на сила на 26 јуни за цела Европа, рече Лемоан.
Тоа треба да овозможи заживување на туризмот во рамките на 27-те земји-членки.
Владата одлучи да игра сериозно во летниот период со многу скоро почнување на голема промотивна кампања со која се промовираат туристичките адути на Франција, во вредност од десет милиони евра. Кампањата ќе биде распоредена во десет европски земји, меѓу главните снабдувачи на туристи.
– Од почетокот на кризата Франција забележа дека бројот на ноќевања е намален за два пати. Идентичен е падот во однос на меѓународните приходи од туризмот, каде падот се проценува на околу 30 милијарди евра, изјави државниот секретар.
Лемоан, исто така, предупреди дека тестовите за ПЦР ќе останат бесплатни, вклучително и за странците, што ќе биде форма на компаративна предност во однос на другите земји.
Во исто време, тој додаде дека сака да ја промовира земјата пред своите граѓани со слоганот „Јас повторно ја откривам Франција“.
МИА/Фото: Photo by Lukas on Unsplash