еМагазин
Македонија

Здравствен работник од Македонска Каменица позитивен на Ковид-19

Здравствен работник од Македонска Каменица е петтиот позитивен случај на вирусот Ковид-19 во оваа општина.

Лицето кое се грижи за здравјето на фудбалерите на ФК „Каменица Саса“ веста ја дознало денеска по направените тестирања во клубот, по што јавно ја соопшти на својот фејсбук профил.

„Почитувани сограѓани. Чувствувам општествена одговорност да ве информирам дека пред почетокот на фудбалската 2020/21 сезона, сите членови на стручниот штаб на ФК „Каменица Саса“ и фудбалерите бевме тестирани за Ковид-19 по протокол.

Денес ми соопштија дека на тестот за жал сум позитивен и покрај целосно почитување на мерките на работа и приватно. За сега немам никакви симптоми, но следат денови на изолација, денови на борба, за која сум сигурен дека со помош на моето семејство ке победиме.

Останете во добро здравје и почитувајте ги мерките“, се наведува во соопштението на здравствениот работник по повод неговиот позитивен тест.

Освен здравствениот работник, кој е вработен во Итната медицинска помош во Македонска Каменица, според информациите од Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево кој е надлежен и за здравствената станица во Македонска Каменица, од направените тестирања во клубот има уште едно лице позитивно на вирусот кое е без симптоми.

Во текот на денешниот ден беа потврдени и претходно регистрираните два позитивни случаи на Ковид-19 во Делчево.

Во останатите општини кои гравитираат околу Делчево, откако неколку дена по ред имаше зголемување на случаите со Ковид-19 во Малешевијата, денес не е регистриран ниту еден случај на корона вирусот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

17 новозаразени со Ковид-19 во Куманово, тројца се здравствени работници

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници

Убава вест: Оздравени 112 пациенти кои боледуваа од Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трипати му забил нож на синот за да го научи да го почитува: Детали од Обвинителството за инцидентот во угостителски објект на Бит-пазар

Редакција

Почна пријавувањето за зелена карта за САД за 2026

Редакција

(Фото) Патниците од Пепелиште ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија

Редакција