еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Здружение „Стар Лагадин“: Заев отворено ја поттикнува градежната мафија

Со вчудоневиденост и индигнација ја проследивме јавната вербална комуникација на премиерот Заев со инвеститорот на спорниот хотел во Лагадин на организираниот настан во Охрид „Силна економија – шанса за сите“ со која сметаме дека тој отворено се стави во улога на поттикнувач на еден од најтешките облици на корупција и криминал, кој ние граѓаните на оваа земја го именуваме како градежна или урбанистичка мафија, се вели во соопштението на Здружението „Стар Лагадин“.

„Видовме и слушнавме како премиерот му ветува на „чичко Никола“, со кого си разменувале приватни смс-пораки, дека тој лично ќе се погрижел градбата на неговиот криминален хотел непречено да продолжи.

Кон крајот на 2015 година од страна на криминалните структури на тогашната власт на локално и државно ниво незаконски беше суспендиран постоечкиот урбанистички план за населбата Лагадин со донесување на т.н. Општ акт со кој, со игнорирање и прекршување на дузина законски и уставни одредби, се  овозможи не само почнувањето на градбата на овој хотел туку и натамошна тотална урбанистичка деструкција на населбата Лагадин со која населбата неминовно ќе претрпи трансформација налик на онаа која се му случи на скопското Дебар маало.

Нашето Здружение во април 2017 година покрена инцијатива во Уставниот суд за поведување на постапка за оценување на законитоста на Општиот акт за с.Лагадин и негово поништување.

Иницијативата ја поткрепивме со експертиза на врвен експерт и судки вештак од областа на урбанизмот како и правно мислење на реномирана адвокатска канцеларија. Произнесувањето на Уставниот суд очекуваме да се случи набргу, во текот на овој или наредниот месец. Напоменуваме дека поништувањето на Општиот акт ќе подразбира и отстранување на градбата на тој хотел.

Не можеме да веруваме дека премиерот не бил запознаен со оваа околност, бидејќи со неа го имаме запознаено министерот Сугаревски, кој беше исто така присутен на настанот во Охрид.

Убедени сме дека правото и правдата се на наша страна и дека нашите сегашни и идни заложби се придонес во справувањето со корупцијата и сето она кое го перцепираме како градежна мафија, која со уништување на крајбрежјето со хиперурбанизација сериозно го загрозува статусот на Охридскиот регион како светско наследство на УНЕСКО“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 декември пластичните ќеси кои ќе ги купуваме по продавници ќе чинат 15 денари по парче

Редакција

Исчистени 450 тони линдан од малата депонија во „ОХИС“, до крајот на годината се планира целосно отстранување на отпадот

Редакција

Инспектори утврдија дека РЕК Битола со години не труе со сулфур диоксид: Македонија ќе плаќа казни

Редакција