еМагазин
Image default
Локално

Земјотрес почувствуван во Гостивар, Кичево и Маврово

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 12 часот и 57 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Гостивар-Тетово со епицентар на 60 километри југозападно од Скопје, информираат од таму.

„Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда M L 3.3. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Гостивар, Кичево, Маврово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Надзорник во штипскиот затвор барал 150 евра за внесување мобилен телефон

Редакција

Воз удри во стадо овци на пругата Кичево-Скопје

Редакција

Жител на Мешеишта опожарил две возила на припадници на Шумската полиција

Редакција