еМагазин
Image default
Локално

Жена од Студеничани осомничена дека го убила својот сопруг со секира

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против 50-годишна жена од Студеничани, осомничена дека го лишила од живот својот сопруг.

-Осомничената 50-годишна жителка на Студеничани, при вршење семејно насилство, вчера во дворот на семејната куќа со умисла го лишила од живот својот сопруг. Додека оштетениот се наоѓал во дворот на куќата, осомничената ја зела секирата која била оставена во близина и му задала три удари со сечивото, нанесувајќи му повреди кои предизвикале смртен исход кај оштетеното лице, соопшти Јавното обвинителство.

Ценејќи дека постојат околности кои што укажуваат на опасност осомничената да се даде во бегство или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во куќа во Шуто Оризари пронајден починат 43-годишен маж

Редакција

Тетовчанец ја тепал сопругата и синот го нападнал со секира

Редакција

Жичарницата на Водно од денеска работи до 18 часот

Редакција