еМагазин
Image default
Локално

Жената од станот во „Скопјанка“ не е социјален случај, има и ќерка

По пријава на градоначалникот Петре Шилегов, тим од Центарот за социјална работа Скопје направил увид во станот во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром и констатирал дека таму живее сама 65-годишна жена, која е сопственик на станот и корисник на пензија.

Таа имала и ќерка, која не живее со неа, но согласно Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа.

– До месец јануари оваа година со неа живеела нејзината 90-годишна мајка која починала. Социјалните работници не се стручни да дадат мислење за здравствената состојба на жената. Во однос на социјалниот аспект констатирано е дека жената има ќерка која согласно со Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа и според нејзина изјава повремено ја посетувала мајката. Жената е корисник на пензија и има стан во нејзина сопственост.

Согласно Законот за социјална заштита, Центарот за социјална работа нема надлежност да постапува, бидејки ќерката има обврска да се грижи за мајката, за нејзината здравствена состојба и одржувањето на личната и хигиената во станот​, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Посочуваат дека со оглед на целокупната состојба стручен тим од ЦСР Скопје од Службата за заштита на стари и возрасни лица е на терен за да изврши разговор со ќерката и да и укаже на нејзините обврски согласно со Законот и остварувањето на правата од областа на социјалната заштита. Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека социјални работници и во иднина ќе го следат случајот.

– Исто така, сакаме да известиме дека во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во изминатиот период во врска со ова немало никаква пријава за постапување и излегување на терен, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со детали за пелените кои предизвикаа евакуација

Евакуацијата на станарите во ТЦ Скопјанка бил поради мелни пелени

(ВИДЕО) Специјалци ги евакуираа станарите на станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“

(Фото) Станари се евакуираат од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“ поради присуство на непозната материја

Илустрација: Министерство за труд и социјална политика

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдено починато бебето на 19-годишната струмичанка која се породила дома

Редакција

Мајката со детето го напушти Кавадарци: Тепачката во која беше убиен маж била поради старателство врз дете од вонбрачна заедница

Редакција

Битола станува плоден полигон за старт-ап идеи на млади

Редакција