Од утре, 1.ноември 2018 година, жичницата ќе има зимско работно време кое ќе важи до 1.март, информираат од ЈСП.
„Жичницата ќе работи од 10 до 17 часот, последното возење нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од надоле ќе биде 16.45 часот. И понатаму, неработни денови на жичницата ќе бидат понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот“, се вели во соопштението.
Од ЈСП додаваат дека од утре ќе има измени и во возниот ред на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно).
Се укинуваат досегашните поаѓања од Транспортен центар во 16.20 ч и 17.20 ч, односно поаѓањата во 16.40 ч, 17.40 ч и 18.40 ч од Средно Водно.
Фото: ЈСП
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.