еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жител на кочанската населба Оризари убил волк во сопствениот двор

Педесет и едногодишниот Сашко Арсов од кочанската населба Оризари попладнево убил волк што му влегол во дворот од семејната куќа.

Дивото животно непријатно го изненадило затоа што не очекувал блиска средба со него во централниот дел на населбата, а во тој момент по улицата во која живеее поминувале деца и други луѓе. Само присебноста му помогнала да го совлада волкот и да избегне сериозни повреди.

– Во моментот кога го забележав помислив дека се работи за куче од расата германски овчар кое шета со другите бездомни кучиња во населбата. Кога почна да ми приоѓа сфатив дека се работи за млад волк, кој се симнал од падините на планината и влегол во дворот.

Успеав да го шутнам со ногата и да го оддалечам за миг, а потоа со камен и стап што случајно ги најдов во близина, го удрив неколку пати во пределот на главата. Вознемирен сум од случката и не сакам ни да помислам за можните последици ако животното се појавеше навечер или пак ако наидеше некое дете или жена, истакна Арсов.

Жителите на Оризари потврдија дека во изминатите неколку вечери во близина на населбата слушнале завивање на волци, кои најверојатно во потрага по храна се симнуваат од Осоговијата. Загрижени се за сопствената безбедност и бараат реакција од надлежните ловочуварски служби.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во пожарот кој траеше четири часа изгоре горниот дел од главната зграда на „Жито Битола„

Редакција

Кои документи Ви се потребни за алицирање: Општина Аеродром доделува субвенции за инвертер клими

Редакција

Полицијата приведе 97 ѕидари кои работеле на „црно“ и без регулиран престој во земјата на градилиштето на „Лимак“

Редакција