еМагазин
Image default
Македонија

Жител на село од охридско телефонски му се заканувал на амбасадор

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, попладнево го лишиле од слобода Р.Б., со живеалиште во село во охридско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

– Постапувајќи по пријава од 14 април 2022 година, според која едно лице телефонски упатило закани по животот на амбасадор во странска амбасада во земјава, беа преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, при што е утврден идентитетот на лицето, тоа е најдено и приведено, соопшти денеска МВР.

Оттаму информираат дека во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, денеска за ова лице е поднесена кривична пријава за кривично дело по член 144 став 3 од Кривичниот законик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако бугарските здруженија не ги сменат имињата, ќе бидат избришани од Регистарот, најавија од Централен регистар

Редакција

Kомисијата препорача да му се одземе имунитетот на пратеникот Груевски, конечната одлука на пленарна седница

Редакција

Заев: Не е точно дека Тевдовски е сменет бидејќи не сакал да потпише заем за новиот Клинички центар

Редакција