Во првите три месеци од годината ЗК Пелагонија АД Битола оствари приходи во износ од 374.656 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.
“Истите бележат намалување од 43% во однос на истиот пресметковен период од претходната деловна година.
Во структурата на оперативните приходи, приходите од продажба изнесуваат 307.666 илјади денари, кои опфаќаат 46,87% од вкупните оперативни приходи. Приходите од продажба бележат тренд на зголемување во однос на претходната година и истите се зголемени за 25% или во апсолутен износ за 57.558 илјади денари.
Останатите оперативни приходи кои опфаќаат износ од 66.095 илјади денари учествуваат со 17,64% во вкупните оперативни приходи и истите бележат намалување за 6 пати во однос на првиот квартал од претходната деловна година.
Во првиот квартал од деловната 2022 година, оперативните расходи опфаќаат износ од 270.037 илјади денари, намалени се за 20 во однос на истиот период претходната година и истите се пониски во однос на оперативните приходи за износ од 104.619 илјади денари.
Промената на вредноста на залихите во анализираниот период за тековната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на првиот квартал генирира расходна ставка во износ од 28.767 илјади денари и Друштвото оствари оперативна добивка во износ од 75.852 илјади денари.
Во пресметковниот период остварени се финансиски приходи на износ од 45.185 илјади денари, што преставува зголемување за 45.115 илјади денари во однос на истиот пресметковен период од минатата деловна година.
Финансиските расходи изнесуваат 15.274 илјади денари и истите се намалени за 64% во однос на првиот квартал од 2021 година кога изнесувале 42.613 илјади денари.
Според изнесените показатели Групацијата ЗК Пелагонија прикажа позитивен финансиски резултат во износ од 105.763 илјади денари“, информираат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗК Пелагонија лани работела со добивка
Смени во акционерската структура на ЗК Пелагонија: Ненад Јосифовиќ му пренесе акции на Златко Пирузе