Значително зголемен интерес за вакцинирање кај граѓаните е забележан вчера, информира Министеството за здравство и додава дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и на терен во помалите населени места и руралните средини.
Заклучно со вчера, вакцина досега примиле 571.392 граѓани, ревакцинирани се 462.192 односно аплицирани се вкупно 1.033.584 дози. Прва доза вакцина вчера примиле 8.808 граѓани, а вкупно биле вакцинирани 15.574.
Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 67 проценти од населението над 70 години, 64 отсто од луѓето 65 години, 60 отсто од тие што се повозрасни од 60 години и 50 отсто од населението над 50 години.
Министерството за здравство укажува дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствен начин се да се победи пандемијата.
-Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување како и смртен исход, апелира Министерството.
Потсетува и дека за вакцинирање не е потребно закажување термин, освен за малолетниците од 12 до 17 години за кои пријавувањето за вакцина е на веб-страницата vakcinacija.mk.
Низ целата држава се одвива и теренската вакцинација, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.
Фото: МЗ