еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По реакцијата на Антикорупциска, Зоран Герасимоски поднесе оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Членот на Судскиот совет, Зоран Герасимоски поднел неотповиклива оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Герасимовски, ова го соопшти на почетокот на денешната седница на Судскиот совет, на чиј дневен ред беше избор на претседател на Судскиот совет и се иззеде од гласањето за избор на нов претседател.

– Едногласно бев избран за в.д директор на Академијата, до избор на директор што ќе се случи во среда, а со цел да не дојде до застој на работите во Академијата.

Согласно упатствата на Државната комисија за спречување корупција дека со мојот избор има судир на интереси денеска ја доставив мојата неотповиклива оставка од функцијата, изјави Герасимоски.

Со цел да не се наруши угледот на функцијата, Герасимоски посочи дека оставката е неотповиклива.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еуромакс Ресоурсис: Надлежните институции без одлагање да овозможат реализација на најголемата странска инвестиција

Редакција

Детален преглед: МОН ги објави списоците од кандидатите примени во студентските домови

Редакција

МНР побара од Софија да се огради од недоличните изјави на Џамбаски и Костадинов

Редакција