еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Зошто Бугарија го празнува Илинденското востание кое било за автономна Македонија?

Пратениците од владејачките партии во Бугарија, неодамна јавно повторија дека Илинденското востание во Македонија е нивно, а истото со децении се празнува и кај источниот сосед.

Веќе одамна ни е јасно и потврдено од нивна страна со Декларација во нивното Собрание, дека се што се случувало во Македонија до 1945 година е нивно, според нивните „европски“ гледишта, само што нелогично е зошто друга држава би славела востание за автономија на соседна земја.

Бугарите можат да тврдат што сакаат, ама во Манифестот на Крушевската република, која се родила од востанието, јасно стои дека тоа било за автономија на Македонија.

Што пишува во Крушевскиот манифест

„Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода…

…Ние не дигнафне пушка протиф вас – това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот – тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме – доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите…

Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба!

..Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале досега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо – а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!

Ура! За Афтономна Македонија!“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драги Илинденци извинете што ја упропастивме Македонија

Македонија е повторно поробена земја, вазал, банана држава, неоколонијален феуд, смета претседателот на МАНУ, Коцарев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се јави Груевски: Јанакиески е уценет, приклештен и принуден да дава лажни изјави против мене

Редакција

Стапија во сила законските измени за поедноставни процедури за поставување фотоволтаици

Редакција

Новиот директор на АНБ, Бојан Христовски нема сертификат „Државна тајна„

Редакција