Со музика од Клара и Роберт Шуман и Јоханес Брамс на 2 јули 2019 година со почеток од 19.30 часот, во Македонската Филхармонија ќе одржи концерт најреномираниот германски гудачки квартет – Minguet Quartett.
Сите љубители на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во неповторливата изведба на Minguet Quartett.
Основан во 1988 година Minguet Quartett ја црпи својата инспирација од класично-романтичната музика, како и современата музика. Дополнителна инспирација се и современите музичари и нивното творештво, кое поттикнува создавање на нова фузија од музички тонови.
Влезот за концертот е слободен.
Покрај изучувањето на германскиот јазик, Гете Институтот во Скопје креира и поддржува проекти од областа на културата, образованието, иновативни процеси и нивна презентација во уметноста, науката и медиумите, како и поддршка на внатрешно – европскиот дијалог и проекти од мултикултурализмот.
Преку проектите од културата Гете Институтот во Скопје поттикнува културна соработка помеѓу уметниците од земјава и од Сојузна Република Германија.
Гете-институт е културна институција на Сојузна Република Германија која својата дејност ја извршува низ целиот свет. Преку своите активности го афирмира учењето на германскиот јазик и германската култура. Во рамките на своите активности, Гете Институтот во Скопје работи и на унапредување на наставата по германски јазик, во основното, средното и високото образование.
Фото: Фејсбук/Minguet Quartett