еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Апел за ИТНА промена на законот: Ниту една клиника во Македонија нема знаење и опрема за лекување на Леонид Индов, и затоа е во Виена

еМагазин, уште од почеток на повредата на Леонид Индов, го следи неговиот случај и како медиум, цело време е вклучен во апелите за помош за негово лекување.

Од постојаните контакти со неговите родители, сме запознаени дека за сериозноста на повредата, ниту една од нашите здравствени институции немаат соодветно знаење и опрема за негово успешно лекување.

Оттука и нивната голгота и потрага по клиника, која ќе се нафати да го лекува. Најпрво, Леонид требаше да замине во Швајцарија, каде што лекувањето чини 800.000 фунти.

Додека се лекуваше во Македонија, Леонид од државна во приватна болница беше префрлен во многу тешка здравствена состојба, со отворени рани по телото (декубит). За да замине во странство на лекување, требаше да се доведе во состојба, во која ќе можеше да биде транспортиран.

Фондот за здравство, го одби неговото лекување во Виена затоа што тој таму бил на рехабилитација, а не на лекување, бидејќи така пишувало во законот.

Запознаени со неговата состојбата, која е за лекување, а не за рехабилитација, еМагазин се приклучува на Јавниот апел за промена на законодавството.

„Најодговорно тврдам, а тоа е очигледно и од конзилијарното мислење, дека за сериозноста на повредата на Леонид ниту една од нашите здравствени институции немаат соодветно знаење и опрема за негово успешно лекување. Леонид дише со механичка поддршка и има рани по телото настанати за време на престојот и несоодветниот третман на државната Клиника.

Условите во кои беше таму сместен и третиран не му ги посакувам ни на најголем непријател (го посетив и видов, знам што зборувам). И сега сакате да се врати назад за да продолжите да го „лекувате“?! Знаете ли дека ризикувате да се случи најлошото и што тогаш?! Кој ќе одговара?,“ вели Ирена Чаушевска Даниловска.

Луѓето кои добро се запознаени со состојбата на Леонид се прашуваат како неговата состојба се сврстува во „рехабилитација“, а не во „лекување“.

„Законодавството за жал, не ги разликува случаите каде е потребна итна и специјализирана рехабилитација со континуирани и високо-напредни медицински третмани од оние каде е потребна основна рехабилитација, како на пример при скршеница на рака.

Оваа категоризација остава многумина, како Леонид, без потребната помош и поддршка,“ додава Чаушевска Даниловска.

На социјалните мрежи се бара Владата и сите надлежни институции под итно да го преиспитаат и да го изменат законодавството, за да се обезбеди соодветна финансиска поддршка за лекување во странство на Леонид и други случаи во оваа категорија.

„Да се воведат јасни и транспарентни процедури за итни медицински случаи кои бараат третман надвор од земјата и да не се става во иста група животно-загрозувачка квадриплегија со скршеница на рака. Да се обезбеди итна финансиска поддршка за Леонид и другите во слична ситуација, за да можат да пристапат до најдобрата можна нега и лекување.

Лекувањето во Виена, кое претставува светилина на надеж за нашиот Леонид, изнесува 300.000 евра. Половина од оваа сума веќе е собрана преку хуманоста на нашите сонародници и заштедите на неговото семејство. Сепак, останува уште една половина, а времето не чека.

Во време кога на Леонид најмногу му треба спокој, поддршка и соодветно лекување, неговото семејство наидува на бирократски пречки и законски ограничувања кои го доведуваат во прашање продолжувањето на неговото лекување во клиниката во Австрија.

Апелирам до сите надлежни органи и добронамерни луѓе да се обединиме околу оваа причина и да покажеме дека сме нација која стои заедно во најтешките моменти.

Леонид е златно дете и заслужува шанса за достоинствен живот, и тоа го знае секој што го познава. Токму затоа неговите другари толку многу се вложија, но со оваа одлука на Фондот за жал се паѓа во вода.

Да застанеме заедно за Леонид. Да застанеме заедно за правдата. Нашата колективна сила може да направи промена. Вашата поддршка може да биде клучна за неговата борба за живот,“ се вели меѓудругото во апелот на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, додека чекаме да се направи „се по закон“ можете да донирате за тој да остане на лекување во Виена, за што се потребни 140.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фонд за здравство одбил да го покрие лекувањето на Леонид во Виена, затоа што не се лекувал, туку се рехабилитирал

ФЗО и денеска се дообјаснува зошто не го покрива лекувањето на Леонид во Виена

По напредокот во Клиника Жан Митрев, Леонид го продолжува лекувањето во Австрија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавен составот на македонско – грчкиот комитет на експерти кои ќе работат на историски и образовни прашања

Редакција

Двајца пациенти повредени во сообраќајката, се уште во критична состојба

Редакција

Повеќе се жени: 44,5 години просечна возраст на заболените од коронавирусот во Македонија

Редакција