Со концерт на македонски и српски изведувачи во сабота на 8. јуни на стадионот на АРМ во Скопје почнува музичката ноќ на фестивалот Скопје се лади – три концерти во една ноќ.
Скопје добива нова форма на музичко изразување и ноќ посветена на љубителите на добрата музика со три концерти кои истовремено ја оживуваат енергијата со драм ен бејс, рап, реге и балкански звук.
За загревање на атмосферата ќе се погрижат момците од бендот Брас Брадерс, кои ќе ја вжештат атмосферата со нивните брас инструменти и со нивните хитови кои одлично поминаа кај македонската публика.
Миленикот на повеќе генерации раперот Тајзи после неколку феноменални концерти низ Македонија, ќе настапи со неговите најголеми хитови на кои сите пејат и танцуваат.
И како круна на оваа незаборавна вечер со 90 минутен концерт ќе настапат извонредните српски изведувачи С.А.Р.С. со добро познатите хитови кои рушат рекорди на Јутјуб, песните: Буџав Лебац, Лутка, Ракија, Перспектива и многу други.
Билетите може да се набават во Kupi Karti Za Se и на 44event.mk.
Фото: Unsplash
Промотивна објава