Бројот на работниците во индустријата во првите три месеци во однос на лани е зголемен за 1,9% објави Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во индустријата во март годинава е зголемен за 1,7% во однос на лани.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 5,6 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1,5%, и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,7%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4,3 %, Капитални производи за 16% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 11,5 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,9 %.
Фото: Унсплеш