И покрај сите предизвици со кои се носеше Алкалоид АД Скопје во текот на годината која изминува, компанијата презентираше успешни резултати во работењето, вели во обраќањето до јавноста и вработените во Алкалоид, генералниот директор на компанијата и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов.
-Регистриравме ново друштво во Казахстан. Инвестиравме во истражувачко-развојна компанија за развој на биослични лекови во Јужна Кореја.
Во февруари го добивме нашиот прв меѓународен патент за лек со додадена вредност – течниот Омепразол. Во март го пуштивме во употреба нашиот голем капитален инвестициски проект Таблетно 2, вреден деветнаесет милиони и четиристотини илјади евра.
И покрај сите предизвици со кои се носевме во текот на годината која изминува, Алкалоид презентираше успешни резултати во работењето.
2024 година беше навистина активна година за „Алкалоид“, вели меѓудругото Мукаетов и посочува дека како компанија лидер во прифаќањето и имплементацијата на нови технологии во работењето, ќе остане посветена на концептот за транспарентно и етичко работење, остварувајќи ги целите зацртани во ESG-стратегијата, насочена кон одговорно однесување спрема животната средина, заедницата и спрема луѓето пред сè.
Целото негово обраќање погледнете го во видеото:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алкалоид за 1 милион долари купи малцински удел во јужнокорејската компанија Rophibio