Спецјализираниот портал exyuaviation.com објави дека авиокомпанијата „Виз Ер“ од средината на јануари до средината на март ќе ги прекине летовите од Скопје до Болоња и Луксембург.
Причината за тоа како што пишува порталот, е глобалниот проблем со моторите произведени од „Прет и Витни“.
Два месеци во прекин ќе биде и линијата Дортмунд – Ниш.
Во Охрид летовите до Виена ќе се намалат од првично планираните четири, на три неделно, додека во Приштина авиокомпанијата ќе ги намали услугите на линијата Меминген од седум на пет неделно.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.