еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во седиште на партијата „Десна„ каде спиел Палевски имало пиштол и радиостаница за комуникација

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сведокот Ѓорги Џолев, поранешен претседател на Централниот комитет на партијата „Десна“, на која претседател и беше првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, откри дека во седиштето на партијата во скопска Кисела Вода имало пиштол, за кој препоставува дека бил на Палевски.

„Тоа беше во штабот на “Десна“ кај Шампионче. Во собата каде што спиеше Палчо имаше пиштол во футрола. Пиштолот беше во темна боја, темна или црна… Не прашав поради која причина е пиштолот тука“, рече Џолев, а сведочеше и неговата сопруга Вида Ќириќ.

Тие се сопственици на возилото „рено кангу“, кое беше користено при грабнувањето на Вања и Панче, а кое го отстапиле на партијата „Десна“ кога заминале да живеат во Исланд.

Џолев рече дека не му било јасно чив бил тој пиштол, но мисли дека бил на Палевски.

Меѓудругото раскажа и дека Палевски имал чуден однос со другите двајца обвинети, Влатко Кешишов и Велибор Манев.

„Ми беше чуден нивниот однос, беше поданички. На пример, кога ќе им зборуваше со повисок тон, тие не враќаа, не влегуваа во расправи со Палчо„, сведочеше тој, појаснувајќи дека тој однос му изгледал како умилкување кон Палчо.

Дополни и дека Кешишов практично живеел во штабот.

Сведочеше и Кирил Тренчовски, исто така симпатизер на партијата „Десна“, кој исто така потврди дека имал видено пиштол во седиштето на партијата, но и дека имало и радиостаница.

„Имавме радиостаници кај „Шампионче“, токи-воки, една-две радиостаници имаше. Кај „Џамбо“ не сум забележал. Малку време сум присуствувал во новиот штаб, три или четири пати сум бил таму.

Влатко беше таму секој ден, тој беше домар. Другиве сум ги видел неколку пати во стариот штаб, а во новиот не. Не знам како се финанираше партијата. Ние собиравме по 200-300 денари кога доаѓаа гости на поткаст, за сокови, грицки, итн.„ рече меѓудругото Тренчевски.

Сведочеше и Кристијан Плотников, член и еден од основачите на „Десна“, кој меѓудруго рече дека Палевски секогаш го носел пиштолот за лична безбедност.

„Палчо си го носеше пиштолот со себе поради лична безбедност. Откако тој беше нападнат пред својата куќа. Мислам дека беше нападнат во периодот на короната,“ рече Плотников.

Според него пиштолот бил марка „Валтер“, и секогаш во близина на Палевски, дури и кога спиел.

Рече и дека Палевски поседувал дозвола само за поседување, но не и за носење на оружјето, што подоцна довело до тоа полицијата да му го одземе.

Потврди и за присуството на оружје во штабот на партијата „Десна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот Стојков и кажал на полицијата дека Палевски е во Турција

Братучетка на мајката на Вања сведочеше како се трагало по девојчето и како се однесувал татко и

Фото: Палевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Брако“ инвестира во фотоволтаик кој што ќе обезбеди 40 отсто од потребите за струја на фабриката

Редакција

Во Србија ќе се забрани продажба на електронски цигари на малолетници и пушење на автобуски постојки, детски игралишта, спортски настани…

Редакција

Починаа 27 лица од Ковид-19, вкупно до сега 4.677

Редакција