Известувач од Белек за еМагазин.мк, Силвана Жежова
Во Белек се наоѓаат најлуксузните хотели во Анталија, и според изгледот и понудата ги задоволуваат стандардите на најпребирливите туристи. Заедничко за сите нив се голф терените, кои што се дел од понудата на речиси сите ресорти.
Оние кои следат чекори на телефоните, овде во секој ресорт 10.000 ќе ги направат како од шега. Хотелите се организираат и функционираат како мали градови во кои има бројни содржини од спорт, рекреација, забава и во секој од нив има најмалку 20 настани дневно прилагодени за сите возрасти.
Во Белек, плажите се песочни, што ги прави ресортите уште попривлечни за туристите од цел свет, со подлабок џеб. Сите се средени беспрекорно и на речиси секоја од нив, има ултра модерни барови, во чиј што изглед преовладува белата боја во комбинација со дрво, што природно се вклопуваат во целиот амбиент.
„Белек важи за најлуксузно место во анталискиот регион и хотелите се привлечни за гостите кои сакаат луксуз. Познати се по терените за голф. Доста од хотелите овде организираат концерти на познати светски ѕвезди,“ вели за еМагазин.мк Далила Мелајац, претставник на Фибула Анталија за дестинации.
Годинава во Regnum Carya на 23. јули ќе настапува Џенифер Лопез.
Во Белек се наоѓа и хотелотThe Land of Legends, кој што се нуди како туристичка атракција и за гостите кои се сместени во други хотели. Годинава во април, во рамките на истиот се отвори и друг хотел Nickelodeon Land, кој што е Дизни во живо.
„The Land of Legends, како што уште го нарекуваат и турски Дизниленд, e многу популарна тура помеѓу гостите. Интересно е за сите, од помлади до постари.Овде има можност да се плива и со делфини,“ додава Мелајац.
Карактеристично за хотелските комплекси во Белек е што имаат и вили кои се супер-луксузно уредени, со сопствени базени со што се нуди приватност на највисоко ниво. Секој од овие хотели нуди уникатно искуство кои е што е на следно ниво од ultra all inclusive.
Во сите овие хотели, иако во помал број, но има клиенти и од Македонија, кои според стандард можат да си дозволат одмор.
Sirene Belek Hotel
За понудата прочитајте на Фибула, ОВДЕ
Cullinan Belek
За понудата прочитајте на Фибула, ОВДЕ.
Calista Luxury Resort
За понудата прочитајте на Фибула, ОВДЕ.
The Land of Legends
За понудата на Фибула, прочитајте ОВДЕ.
Ela Excellence Resort Belek
За понудата на Фибула прочитајте ОВДЕ.
Siam Elegance Hotel
За понудата на Фибула, прочитајте ОВДЕ.
Cornelia Diamond Golf Resort & Spa
За понудата на Фибула, прочитајте ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Што се нуди во Кемер, за претстојната туристичка сезона
Фото: еМагазин.мк