еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Што се нуди во Кемер, за претстојната туристичка сезона

Известувач од Кемер за еМагазин.мк, Силвана Жежова

Кемер е првата дестинација која што инфо-групата од Македонија, во организација на агенцијата Фибула ја посети, се со цел да се информира за она што е актуелно во туристичката понудата за регионот на Анталија, за лето 2025 година.

Како и секоја година, се нудат голем број на хотели, кои се за различни категории на туристи, во зависност од барањата и можностите.

„Луѓето кои сакаат природа, се определуваат за Кемер, климата е многу пријатна и хотелите се помали, постојат ресорти но се помали во споредба со Белек и Сиде, но изобилуваат со природа. Плажите овде се комбинација на песок и мали камчиња,“ вели за еМагазин.мк, Далила Мелајац, претставник на Фибула Анталија за дестинации.

Фибула традиционално работи со гости од Балканот кои се очекуваат и годинава, а овде се и гостите од Романија. Во последните неколку години се зголемува и бројот на туристи од Швајцарија.

„Луѓето кои искусиле туризам во Турција, знаат што и да очекуваат. Најголем дел од услугата е all inclusive, ultra all inclusive а тоа на гостите им одговара. Нивниот број се зголемува, а за тоа придонесуваат и чартер-летовите.

Она што Фибула ја одвојува од останатите агенции е што во секој регион на Анталија има свои водичи кои зборуваат српски, босански, македонски, така што на гостите им е многу полесно и се чувствуваат посигурни,“ додава Мелајац.

Во Кемер посетивме неколку хотели кои Ви ги претставуваме:

Balmy Foresta

Balmy Foresta е одличен хотел, идеален за сечиј вкус. Помеѓу хотелот и плажата има просторот кој изобилува со зеленило средено под конец, шума која создава природна ладовина, прекрасно уредени хортикултурни катчиња. Идеален спој на планини во позадина, и море во хоризонтот.

Има голем број на надворешни базени, тобогани, односно хотелот располага со сопствен аква парк. Баровите се исто така во секој ќош, така што секој може да си го пронајде своето место на уживање и релаксација.

Плажата е со класични лежалки, но и луксузни балдехини. Изборот на храна и пијалоци, се исто така една од причините поради кои овој хотел е сврстен во повисока класа на хотели. Има голем избор на соби, апартмани а за соодветната понуда на хотелот, повеќе прочитајте на линкот на Фибула, ОВДЕ.

Mirage Park Resort

Mirage Park Resort е избор број еден хотел во Кемер, за оние кои веќе престојувале во него. Понуда која ги задоволува и најпребирливите вкусови, со содржини наменети од најмлади до највозрасни.

Светол ентериер и екстериер кој изобилува со зеленило, базени, зеленило, цветна градина. Хотелот е полн уште во мај, а топ сезона се летните месеци.

Плажата е чиста и убаво уредена, со платформа која дава чувство на присуство на егзотична дестинација. За понудата, повеќе прочитајте на линкот на Фибула, ОВДЕ.

Akka Antedon

Хотел, кој што посебно е пријатен за шетање навечер. Изобилува со базени кои се убаво осветлени, преовладува зеленилото и хортикултурно уредување со стил. За понудата, повеќе прочитајте на Фибула, ОВДЕ.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во февруари зголемени просечните каматни стапки на вкупните кредити и депозити

Редакција

44-годишен радовишанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш

Редакција

Ако не се признае „историската вистина“ и тоа не влезе во преговарачката рамка, нема ЕУ, порачува Захариева

Редакција