еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Двајца малолетници со закани принудувале две девојки полово да ги задоволуваат, и ги уценувале со видео-материјал

Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес информираа дека 37- годишна жена од Битола пријавила дека двајца малолетници од Битола во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзина другарка полово да ги задоволуваат за што поседувале и видео материјал.

„За пријавеното малолетно лице кое е под возраста што дозволува да биде кривично одговорно известен е Центарот за социјални работи за да преземе соодветни дејствија.

За пријавен малолетник кој е на возраст од 14 години, пак, поведена е постапка и до судијата за деца во Основниот суд Велес предложена е мерка згрижување во воспитна установа додека трае постапката против него.

Се работи на обезбедување на сите докази, а Обвинителството и надлежните служби преземаат дејствија за целосно испитување на настанот“, соопштија од ОЈО Велес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За инцидентот со пратеникот на ДУИ, Адеми, за СДСМ виновна е ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Убава вест: 224 излекувани од коронавирусот во Македонија, нов раст

Редакција

Што е голема кашлица, кои се симптомите и како се пренесува

Редакција