Бројот на заболени со голема кашлица во Македонија продолжува да расте, а во Скопје, каде има најмногу регистрирани случаи е прогласена епидемија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што е голема кашлица, кои се симптомите и како се пренесува
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во периодот од 9 до15. февруари се пријавени 17 нови случаи на голема кашлица.
Сите пријавени случаи се од Скопје, а најголем број на случаи се од возрасната група од 10-19 години.
Од новите 17 случаи, 5 случаи се хоспитализирани (3 деца на возраст до 4 години, и по едно во возрасна група од 5-9 години и од 10-14 години), стои во извештајот на ИЈЗ.
Заклучно со 15. февруари се регистрирани вкупно 39 случаи на голема кашлица.
Од нив најголем број живеат во Скопје – 33 (84,6%) во девет различни општини, 3 лица живеат во Куманово, 2 во Гостивар и еден во Боговиње, Тетово.
Заболените лица се на возраст 1 месец до 45 години (медијана 6,9 години).
Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 11 случаи (28,2%) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 8 (20,5%) се деца на возраст од 1 до 4 години.
25 лица (64,1%) од заболените не се вакцинирани или се некомплетно вакцинирани согласно возраста и Календарот за имунизација. Десет случаи се комплетно вакцинирани за возраста, за четири случаи вакциналниот статус е непознат.
Од заболените, регистрирано е 21 лице со хоспитализација (53,8%), и тоа 16 (76,2%) од нив на возраст до 4 години, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се компликациите од голема кашлица, како се пренесува и лекува?
34 заболени од голема кашлица, во Скопје веќе е прогласена епидемија
Фото: МЗ