Договорот „влада со влада“ помеѓу Македонија и Обединетото Кралство ќе биде склучен следната недела во Лондон, најави на Фејсбук британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон.
Истиот предвидува 6 милијарди евра за Македонија, кои ќе бидат инвестирани во инфраструктурата, железницата, здравството…
Засега нема информација под кои услови земјава ќе ги добие овие пари и за што точно ќе се трошат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Македонија ќе добие шест милијарди евра за инвестиции од Обединетото Кралство
Вчера во Тирана, Албанија, македонскиот премиер Христијан Мицкоски и премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, постигнаа согласност за договор за стратешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што ќе се трошат 6. милијарди евра од Обединетото Кралство?
Македонија ќе склучи договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Фото: Мицкоски/Фејсбук