еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

ЕК препорача отварање преговори со Украина и Молдавија, Унгарија е против

Европската комисија (ЕК) денеска ги извести земјите-членки на Европската Унија за напредокот на Украина и Молдавија и препорача отворање на пристапните преговори со двете земји.

Единствена земја која е против е Унгарија, а за да бидат отворени пристапните преговори, како што е познато земјите-членки мора едногласно да ги усвојат преговарачките рамки за двете земји.

Според ЕК, Украина и Молдавија ги презеле неопходните чекори што се бараат од нив за да ги исполнат условите за свикување на првата меѓувладина конференција за пристапување и официјално отворање на преговорите.

Унгарија, како причина за противење ги наведува правата на унгарското малцинство во Украина, бара повеќе промени во однос на правата на малцинствата и гаранции поврзани со земјоделството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема да има промена на преговарчката рамка за Македонија, уставни измени мора да има, порача Гир

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во прашање се денови за испорачување на Палевски во Македонија, тврди Лога

Редакција

Нагло зголемен бројот за само еден ден: 242 жртви и 14.480 заразени со коронавирусот во Кина

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Во Газа за 4 недели убиени повеќе цивили отколку во Украина за 1,5 година

Редакција