еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Знаменосци на македонското знаме на отворањето на Летните олимписки игри во Париз ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ

Знаменосци на македонското знаме на свеченото отворање на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ.

Македонија на ЛОИ што ќе се одржат од 26. јули до 11. август ќе ја претставуваат шестмина спортисти.

Македонска делегација која ќе ја сочинуваат Дарио Ивановски (атлетика), Владимир Егоров (борење/ до 57 кг, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање/ 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка), Еди Шерифовски (џудо) и Мила Рељиќ (таеквондо).

Покрај спортистите, Македонија на ЛОИ ќе ја претставуваат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис).

Олимписката делегација вчера од претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова го доби знамето наменето за отворањето на Олимписките игри во Париз.

Фото: Македонски олимписки комитет/Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи за надворешни, Бесими за финансии, Груби прв вицепремиер: ДУИ ги соопшти кандидатите за министри

Редакција

(Видео+фото) Денеска почнува Евровизија, фаворит за победник е Хрватска

Редакција

Бекам и го остапи својот Инстаграм профил на украинска докторка

Редакција