еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Извештај на ЕК за Македонија: Да се донесат уставните измени и да се забрза со реформите

Да се донесат уставните измени за да во македонскиот Устав влезат и Бугарите и да се забрза со реформите поврзани со Европската унија (ЕУ), се главните препораки за Македонија во Извештајот за напредокот на земјава на патот кон ЕУ од „Пакетот за проширување“ на Европската комисија (ЕК).

Во Извештајот се нагласува и потребата од „спроведување со добра волја“ на Договорот од Преспа и на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Земјата се повикува и на интензивирање и на реформите поврзани со приближувањето кон ЕУ, пред се на зајакнување на владеењето на правото, зголемување на довербата во правосудниот систем, спроведување на истрагите, гонењето и конечното завршување на долготрајните судски процеси поврзани со „лица од висок профил“, борбата против корупцијата и организираниот криминал…

Во Извештајот меѓудругото е посочено и дека Македонија е посветена на членството во ЕУ и дека земјата преставува добар пример за изградба на мултиетничко општество.

Фото. Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фрчат огласи за државни вработувања додека се бара лек за вишокот во администрацијата

Редакција

Кои се кандидатите на СДСМ за министри и заменици-министри во техничката Влада

Редакција

Орка холдинг купи акции во тетовски Жито полог

Редакција