Борис Кондарко од опозициската СДСМ повторно е избран за претседател на Државната изборна комисија (ДИК).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борис Кондарко повторно претседател на Државната изборна комисија
Тој доаѓа на местото на Александар Даштевски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
еМагазин Ви ја пренесува негововата биографија.
Кој е Кондарко?
Борис Кондарко е досегашен член на Државната изборна комисија.
Роден е во Скопје на 20.08.1973 година.
Во периодот од 1997 до 1999 година работи како адвокатски приправник.
Од 2000 до 2002 година работи како адвокат.
Како адвокат работи и во периодот од 2009 до 2011 година и од 2014 до 2018 година.
Политичка кариера
Во периодот од 1998 до 2000 година е заменик член и член на ДИК.
Во периодот од 2002 до 2006 година е пратеник во Собрание на Македонија, како и во периодот од 2006 – 2008 година.
Од 2011 до 2013 година е претседател на ДИК.
Од 2018 година до сега беше член на ДИК.
Образование
Тој е дипломиран правник на Правниот факултет ”Јустинијан I“ во Скопје.
Во 1999 година го положил правосудниот испит.
Фото: ДИК