еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Летото – сезона на дивиденди!

Инвестирањето во акции со личен портфолио менаџер е еден од најдобрите начини да го зголемите вашиот капитал и да обезбедите финансиска стабилност со постојан приход од дивиденди. Традиционалниот пристап да се чуваат сите заштеди во банкарски депозити е бавен процес, со минимално зголемување на приходите, посебно во услови кога сé уште имаме натпросечна инфлација.

Од друга страна, инвестирањето во акции нуди многу поголеми придобивки. Со професионално водење во процесот на вложување во акции на едноставен начин може да се искористат можностите на пазарот на капитал и да се максимизираат приходите. Едноставно, додека ја читате омилената книга на плажа, може и да заработувате.

Зошто треба да почнете да инвестирате што е можно побрзо?

Растечкиот тренд на акциите и потенцијалот од висока заработка го оправдува преземениот ризикот од инвестицијата. Затоа, речиси секогаш е добра идеја да се инвестира во акции, дури и кога пазарот е на највисоко ниво на сите времиња. Истражувањата покажуваат дека она што е поважно од тајмингот на пазарот е времето на инвеститорот на пазарот. Односно, колку подолго инвеститорот е на пазарот, толку е поголема веројатноста да направи надпросечна заработка.

Времето е најскапоцен и неповратен ресурс. Преку инвестирање во акции и портфолија, токму времето станува наш сојузник и пријател, кој на долги патеки ни го зголемува капиталот.

Со секој изминат ден, инвестициите имаат потенцијал да растат и да генерираат профитабилен поврат, обезбедувајќи финансиска стабилност и слобода. Со правилна стратегија, индивидуален план и анализа, може да го максимизирате ефектот за да го зголемите вашиот капитал.

Инвестирањето во акции овозможува да учествувате во успехот на водечките компании и да остварите пасивен приход преку дивиденди. Долгорочното инвестирање не само што ја намалува изложеноста на пазарните флуктуации, туку овозможува и да го искористите времето како ваш најголем сојузник во градење на богатството.

Преку инвестирањето може да бидете дел од сопственичката структура на компанијата, вложувањето во акции и портфолија овозможува диверзификација на вашиот капитал и голема ликвидност преку тргувањето на берза, со што за многу мал временски период може да ги впаричите вашите вложувања во било какви итни ситуации.

Капитал Ассет Менаџмент нуди персонализирани услуги за управување со инвестиции. Тим на експерти кои преку индивидуален пристап за секој клиент креира стратегија која одговара на финансиските цели, потребите и апетитот за ризик. Со долгогодишно искуство и знаење, ги следат пазарите на дневна основа и прават детални анализи за да осигураат дека инвестициите се безбедни и профитабилни.

„Парите ја губат куповната моќ и слободните парични средства на среден и подолг рок треба да се пласираат во имоти – акции кои нудат ефективна заштита од инфлација, остваруваат раст на нивната вредност, генерираат добри добивки и исплаќаат високи дивиденди. Преку креирање на индивидуално инвестициско портфолио, ја осигурувате вашата финансиска иднина” вели Коста Костадиновски, основач на компанијата Капитал Ассет Менаџмент.

Во потрагата за финансиска слобода, со вложување во инвестициско портфолио поддржано и планирано од стручни финансиски експерти, имате привилегија да започнете мал бизнис со минимални ризици и максимални приноси.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се новите судии во Врховниот суд

Редакција

Намалена добивката на „Пелистерка“

Редакција

Од јануари задолжително пензионирање на лицата над 64 години

Редакција