Лице од обезбедувањето (полициски службеник) на претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши вчера предизвика инцидент на Меѓународниот аеродром Скопје.
Тој заедно со уште две лица (полициски службеници) се заканувал кон вработените во ТАВ Македонија и барал кој и направил проблем на претседателката на Косово, Војоса Османи, информираа од Министерството за внатрешни работи.
При тоа турнал и полициски службеник, вработен на граничниот премин.
Претходно на скопскиот аеродром додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога и било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж.
Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ