еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија треба да врати 2,2 милиони евра на ЕК злоупотребени преку програмата Еразмус+

Македонија треба да и врати на Европската комисија (ЕК) 2.276.212 евра злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година.

Злоупотребата на парите ја потврди Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), а Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на ЕК, согласно извештајот на ОЛАФ, на 30. ноември 2023 година ја известил македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност за барањето за поврат на средствата. Месецов Агенцијата примила известување и за конечност на одлуката, информираше денеска директорот на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски.

Македонија е информирана дека постојат наоди за неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата Еразмус+, финансирани од ЕК.

На предметот работи Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БРАВО: „ИГМ Трејд“ од Кавадарци со 833.876 евра дава поддршка во борбата против корона вирусот

Редакција

(ВИДЕО) Експеримент во Јапонија покажува колку брзо се шири коронавирусот во ресторан

Редакција

Вредноста на две компании на внукот на Ахмети, Дрин е околу 8 милиони евра

Редакција