еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Малиќи груп“ се запишаа во Регистарот на доброволни дарители на коскена срцевина

На 9. февруари годинава, вработените од групацијата „Малиќи груп“, се запишаа во Регистарот на доброволни дарители на коскена срцевина, надевајќи се дека на најмалку на 40 лица кои боледуваат од леукемија, од било кое место на светот ќе им помогнат да останат живи, информираат од таму.

-Повикувајќи се на нашите алтруистички убедувања, доброволците од „Малиќи груп“ донираа само 5 мл крв, а со тоа се запишаа во Регистарот на доброволни дарители на коскена срцевина, велат од таму.

Вкупно 40 вработени од компанија, „Малиќи груп“ се вклучија во нацоналната кампања “Биди срцевина-Биди херој“, која ја спроведува Клиниката за хематологија, со поддршка на Министерството за здравство и Институтот за хумана генетика.

– Во светот на секои 4 минути, еден човек заболува од леукемија, а шансите да се најде сроден дарител понекогаш е многу тешко. Ние се надеваме дека нашите 40 колеги ќе имаат можност на лицата кои боледуваат од некаков вид на хематолошки канцер, да им дадат шанса за нов почеток, велат од Малиќи групацијата.

Повод за оваа акција беше отворањето на првиот Регионален центар за трансплантација на коскена срцевина во рамките на Клиниката за хематологија, кој освен за осигурениците на Македонија, е оспособен за лекување пациенти и од Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, каде овие интервенции се уште не се воведени.

-Воедно се приклучувме на апелот на здравствените власти, што повеќе граѓани да се запишат во Регистарот на доброволни дарители на коскена срцевина.

Секој од нас може да помогне, за некој повторно да биде здрав! Апелираме и останатите граѓани, наши пријатели, да се зачленат во дарителскиот регистар на коскена срцевина и заедно да бидеме нечиј херој, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 39 лица од Ковид-19, најмногу од Скопје 16

Редакција

Има доволна количина на брашно за потребите на домашниот пазар, нема простор за паника кај граѓаните за непотребно купување, уверува Бектеши

Редакција

Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ

Редакција