Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се согласува со изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер дека системот не ја заштити Вања Ѓорчевска, но рече дека „целиот систем мора да биде консолидиран во однос на истрагите, на судењата и во однос на извршувањето на санкциите.“
„Да не ни се случува кога ќе ги приведува Министерството за внатрешни работи и за кратко време ќе ги видиме дома или без одредување на соодветни мерки, без извршување на санкциите. Се сеќавате на обидот којшто беше и нападот на началникот на полицијата во Струга. Тоа е сепак заради тоа што се водеа истраги против одредено лице кое беше оставено на слобода“, додаде Спасовски.
За улогата на МВР наспроти Обвинителството во однос на неказнивоста, вели дека за тоа говорат бројките.
„За тоа може да се извадат конкретни податоци и информации во однос на постапувањето и на двете институции. Јас ве уверувам во однос на постапувањето на Министерството за внатрешни работи и тоа може да се покаже со бројки. Во однос на секоја пријава, делување, постапување и собирање на сите информации, податоци и поднесувањето на кривичните пријави“, рече Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МВР