12 преработки на можеби најубавите македонски патриотски песни, исто толку изведувачи… 18 концерти низ цела Македонија, еден во дијаспората… вака некако низ бројки би можела да се опише двегодишната приказна наречена „Македонијо во срце те носиме“, што ја раскажуваат Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, ДНК, Наум Петрески, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Андријана Јаневска, Марија Спасовска, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски.
„И се вели најубавото се чува за крај, а дека е навистина така домашната публика ќе се увери на 7. декември кога во Филхармонија музичката екипа, инаку предводена од Скендеровски продукција, ќе запее во придружба на симфониски оркестар под диригентската палка на Сашо Татарчевски.
Освен веќе добро познатите 12 преработки за кои беше задолжен маестро Николче Мицевски, чии се и оркестрациите за концертот, публиката ќе има можност на сцената да види и да чуе уште три нови. Една од нив е преубавата „Молитва“ на авторот Миле Барбаровски,“ велат организаторите.
Влезниците се продаваат преку мрежата на www.kupikarta.com по цени од 1.000 и 1.400 денари, а од Скендеровски продукција откриваат дека сите средства од продажбата на билетите ќе бидат насочени во хуманитарни цели.
Низ целиот музичко-драмски перформанс публиката ќе ја води актерот Дејан Лилиќ, па сосема очекувано настанот се најавува како прекрасна музичка претстава.
„На 7. декември со почеток од 20:00 часот бидете во Филхармонија, бидете дел од „Македонијо во срце те носиме“ за уште еднаш да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да се потсетиме на аманетот што ни го оставиле генерациите пред нас,“ додаваат од продукцијата.
Промотивна објава