еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најважен сојузник на Македонија е Србија, најголема закана Бугарија: Истражување на ИРИ

Последното Истражување на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува дека за најголем број од граѓаните на Македонија најважен сојузник е Србија, а најголема закана е Бугарија.

За Србија се определиле 34% од анкетираните граѓани, а по неа за најважен сојузник се смета САД, со 17%, па Турција со 12%, Русија со 8% и Албанија со 5%.

Дека Бугарија е најголема закана сметаат 23% од граѓаните, втора е Русија со 12%, Косово со 10% е третото, следи Албанија со 9% и САД со 8%.

Анкетата на ИРИ е спроведена во февруари и март годинава со интервјуирање лице в лице на 7.138 возрасни испитаници во шесте земји на Западен Балкан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановец осомничен за обид за убиство, неговиот син му помагал

Редакција

(Видео) Шилегов му ја затвори вратата на Коста Петров

Редакција

„ТГС Технички гасови“ го доби тендерот на Општата болница Струмица за итна набавка на кислород вреден 50.000 евра

Редакција