еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинетиот Кешишев свртен со грб одговараше на прашања на Палевски

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, обвинетиот Влатко Кешишев, свртен со грб одговараше на прашања на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо.

Тој повтори некои работи од претходното рочиште, кога за првпат сведочеше, а меѓудругото ја опишуваше рутата по која се движеле возилата „цитроен“ и „рено кангу“, кога Жежовски и Ѓорчевска биле киднапирани и убиени.

Рече и дека Палевски по убиството на Ѓорчевска му рекол да ги фрли лопатите кои ги користеле за да ја закопаат кај местото Бразда, во што учестувал и тој, а повтори и дека дознал дека закопале девојче кога се вратиле во штабот на партијата „Десна“.

Според него дупката била ископана пред да биде убиена.

Исто така рече дека никогаш не го слушнал Палевски да разговара со осомничениот Александар Ѓорчев, таткото на Ѓорчевска.

Следен треба да сведочи токму таткото на Ѓорчевска, а по него и Палевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетиот Кешишев раскажа за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

Кешишев сведочеше дека со Манев ја копал дупката кај Велес, мислел дека бараат злато

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет дена ја нема Вања Ѓорчевска: Што досега направи полицијата

Редакција

Догодина “Алказар енерџи“ ќе гради 55 ветерници во Македонија, струја ќе произведува од 2027

Редакција

407 казни за неносење маска

Редакција