Двајца од петте обвинети за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Велибор Манев и Боре Видевски и посочиле на полицијата за вмешаноста на таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, рече на денешното рочиште Дејан Димовски, началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, сведок на Јавното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Сето тоа прво потекна од Велибор и Боре, кои ни кажаа дека и таткото е инволвиран. Со тие нивни искази и разумно согледување може да се види. Ние само фактите ги гледаме, рече Димовски, кој беше прашан од првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, дали тој и Ѓорчевски имале контакт, на што Димовски одговори со не.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.