еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од денеска дел од горивата со повисоки цени

Од синоќа на полноќ цената на бензинот Еуросупер БС-95 е зголемена за два денари, а на Еуродизелот (Д-Е V) за половина денари.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), цената на бензинот Еуросупер БС-98 не се менува.

Новата цена Еуросупер БС-95 е 75,50 денари, на дизелот 67 денари, а на бензинот Еуросупер БС-98 останува 77,50 денари за литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за четири денари и истото сега ќе се продава за 69 денари за литар.

Поскапува и цената на Мазутот М-1 НС, за 0,279 денари, и истото ќе се продава за 36,808 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Споменик за загинатите од несреќата кај Темпи во Солун, утре нови протести

Редакција

Муса Ибраими од ДУИ е новиот пратеник во македонското Собрание

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во септември

Редакција