еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Откриено лицето кое преку социјална мрежа му се заканувал на уставен судија

Заканите кон судија на Уставен суд кои денеска ги пријави претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, биле преку социјална мрежа, а нив ги упатило лицето С.И, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Денеска околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа,“ велат од МВР.

Оттаму дополнуваат дека МВР веднаш презема соодветни мерки и овој случај ќе биде расчистен во најбрз рок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателот на Уставен суд поднел пријава до МВР за закани по живот и безбедноста на судиите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Ветото на Република Бугарија е неодговорна геостратешка грешка

Редакција

Нови лаги и провокации од Радев: Македонија градела идентитет врз фалсификат и испратила десетици илјади во концентрациони логори

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Штип за набавка на масло за греење вреден 578.000 евра

Редакција