Според податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во јануари 2024 година, изнесува 33.935.0 милиони денари и бележи пад од 11.4 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увезената стока, во јануари 2024 година, изнесува 49.309.9 милиони денари, што е за 5.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во јануари 2024 година, изнесува 15.374.9 милиони денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2024, изнесува 68.8 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Во јануари 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.